Пролетно филувано арапско лепче

Пребрзо и прелесно, а на крај останува само прсти да излижеш… или поверојатно да пружиш рака по уште едно.

 
  • 4 арапски лепчиња
    200 грами црвена леќа
  • 200 грами свежи шампињони
  • 1-2 млади кромитчиња
  • 400 грами спанаќ
  • масло
  • сол и бибер
  • кари
  • лимон
    7-8 црни маслинки
 

Подготовка

1. Најпрво леќата се вари во зовриена солена вода. На црвената леќа и е потребно многу малку време и лесно можете да ја преварите, затоа внимателно, не повеќе од 5 минути.

2. Убаво исцедете ја леќата во цедилка. На загреано тавче со малку масло се пропржува младото кромитче, се додаваат шампињоните исецкани на ливчиња и сецканите маслинки.

3. Откако ќе ги пропржите, се додава исцедената леќа, се промешува филот и крај на се додава спанаќот сосема кратко. Зачинуваме по желба со сол, бибер и кари.

4. Лепчето можете да го купите од поголемите маркети или да си направите според овој вкусен рецепт. Се премачкува со лимон и се филува со зелениот фил. Пресечете го на четвртинки со нож за пица и уживајте.

Овој оброк изобилува со протеини од леќата и печурките и фитонутрициенси од зелениот спанаќ. На здравје.