Потпечени макарони со пелати од тегла
Домашно подготвени или од продавница, пелатите се одличен партнер на тестенините, а босилекот го дополнува вкусот до едно големо „мама миа“…
- 1 кесичка макарони
- 300 грама пелати
- 2 кромитчиња
- 2 чешниња лук
- сушен босилек
- 100 грами кашкавал
- сол и масло за готвење
1. Кромидот се сецка на месечинки, а лукот се толчи со босилекот, ние користевме сушен босилек, но подобро е ако имате свеж.
2. Кромидот и лукот се пропржуваат, а потоа се додаваат пелатите.
3. Макароните се варат во солена вода според упатството на производителот и се цедат од водата.
4. Во подлабок сад за печење, се ставаат макароните, а одозгора се прелева смесата од пелати.
5.За крај, крупно се ренда кашкавал и се потпекува во загреана рерна додека кашкавалот убаво да се стопи и зарумени.