Попај Палента

Палентата се служи топла (не врела) со јогурт или со кисело млеко. Може да се додаде и доматен сос. Уживајте во лесниот и хранлив доручек!

 
  • доза за 4 луѓе:
  • 300г палента
  • 600мл вода
  • 100г путер
  • 100г сирење
  • 200г спанаќ
 

Подготовка

1. Во зовриена вода полека се додава палентата и се остава да вари 10-15 минути.

2. Се меша цело време додека не згусне.

3. При крај се додава путерот, дробеното сирење и сецканиот спанаќ.

4. Се промешува и се трга на страна малку да се олади.