Полнети пиперки со ореви

Бидејќи пиперките ни се во крвта и традицијата, ви нудиме уште една варијанта на полнети пиперки. Овој пат специјалниот додаток се оревите. Останатите варијанти што веќе ви се на располагање се веге полнети пиперки, просо во црвена пиперка и лесни полнети бабурки.

 
  • 6 црвени пиперки за полнење
  • 150г сецкани ореви
  • 2 средни компири
  • 1 страк праз
  • 1 лажиче оригано
  • природна сол
  • бибер 
  • масло
 

Подготовка

1. Празот се сецка и се пропржува со ренданите компири 10-15 минути. При крај се додаваат и оревите.

2. Се полнат пиперките со смесата и се прелеваат со студена вода.

3. Се варат во сад на рингла 15 минути додека не испари течноста, а потоа се запекуваат во рерна уште 15 минути на 200 степени.