Полнета хокаидо тиква
Вкусен микс во веге варијанта…
- 1 тиква
- 100 грама кус кус
- 100 грама свежи шампињони
- 2 главици кромид
- 2-3 лукчиња
- китка магдонос
- сол, бибер, масло
1. Се сече дршката како капак и внатрешноста на тиквата се чисти од семките. Од внатре се премачкува со маслиново масло и се пече 20-30 минути на 180 степени.
2. Во подлабок сад се мери кус кус и се прелева со врела вода, се покрива за да се свари.
3. Во тавче на оган се пропржува кромид, печурки, се додадава кус кус и целата смеса се полни во тиквата.
4. Се затвара со капакот и се допекува уште 20 минути. Готова е кога со чепкалка лесно се влегува преку целата дебелина.
П.С. Оставете си по некое семче за садење