Похувани оризовки

Вкусен несекојдневен доручек како замена на пржените лепчиња…

 
  • 1 пакување оризовки
  • 2 јајца
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • маслиново масло за пржење
  • сол, бибер, оригано
 

1. Се припрема смеса од јајце, млеко, брашно и зачини. Се се меша интензивно додека да се соедини.

2. Секоја оризовка се потопува во смесата, а потоа се пржи на силен оган 20 секунди од секоја страна.

3. Се вади на хартија за да се впие вишокот маснотија.