Пиперки во сенф
По рецептот на Наде Маневска, кој што сите нè плени со својот шмек, ви ги презентираме пиперките во сенф што се прилично лесни за правење, а секако се поздрави од ајварот….
- 15 црвени пиперки
- 1,5л вода
- 1,5л алкохолен оцет
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1/2 лажица крупна морска сол
- бибер во зрна (1 кесичка)
- 4-5 дафинови листови
- 250г сенф
- 250мл маслиново масло
Подготовка
1. Пиперките се варат 10 минути заедно со водата, солта, биберот и дафиновиот лист.
2. Потоа пиперките се цедат и се сецкаат на ленти или коцки.
3. Оладени се мешаат со маслото и сенфот.
4. Се редат во тегли и се пастеризираат 30 минути на 100 степени во рерна.