Зелени пиперки со пршута

Деликатеснo и леснo мезе…

 
  • 3 зелени пиперки
  • 100 грама урда
  • гранчиња магдонос
  • 50 грама пршута
  • бибер
  • шери доматчиња
 

1. Урдата се меша со исецканиот магдонос и се додава биберот, ако има потреба и се досолува.

2.Пиперките се сечат надолжно и им се вадат семките.

3.Во секоја половина пиперка се полни со урда, па се обвиткуваат со тенко парче пршута.

4.Се декорира со шери доматче или мало луто пиперче.

5. Кратко се потпекуваат во рерна на 200 степени, околу 10тина минути.