Пилешки гради со грозје

Интересен есенси експеримент за љубителите на месо, комбинација со загарантирани протеински и сетилни придобивки.

 
  • (за двајца)
  • 2 парчиња пилешки гради
  • 1 грозд (црно или бело грозје)
  • куркума
  • сол и бибер
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. Месото се сецка на коцки и се пржи 10тина минути.

2. Потоа се додава куркумата, сол, бибер и грозјето (секое зрно треба да се преполови и да се извадат семчињата).

3. Се допржуваат сите состојки заедно уште 10тина минути…

4. За крај се добива одличен вкус и арома на месото.