Пилешки стек со мед
Вкусно и брзо…
- 500 грама бело месо
- 1 лажица мед
- 1 лажица оригано
- сок од 1/2 лимон
- сол, бибер, масло
1. Пилешкото се сецка на крупни парчња и во подлабок сад се попрскува со медот и со останатите состојки.
2. Се остава малку да отстои, па се пропржува околу 10тина минути на добро загреано масло со постојано мешање за да не се залепи.