Печена штука со зеленчук
Важно е да најдете штука, а останатото е едноставно, хранливо и вкусно.
- 2кг штука
- 2-3 компири
- 1 поголем кромид
- 2-3 моркови
- 1 пашканат
- 1-2 праз
- 2-5 лукчиња
- гранче рузмарин
- целер
- лимон
- масло
- природна сол
- бибер
Подготовка
1. Штуката прво се накапува со лимон (сол по желба).
2. Сите состојки се сечат на крупно и се додава масло и сол според вкус (подобро помалку).
3. Зеленчуците се печат во затворен сад 20 минути на 190 степени, а потоа се легнува штуката преку запечениот зеленчук.
4. Истата се полева со малку масло, садот се покрива и повторно се пече уште 30тина минути (во зависност од тоа колкава е штуката).
5. Важно е во садот да останат соковите за да не загори зарзаватот.