Печен праз со ајдамер
Вусно мезе кое одлично оди со чаша црвено вино…
- 4-5 страка праз
- 1 лажица путер
- 100 грама ајдамер
- малку чили во прав
- мукатно оревче
- сушен магдонос и оригано
- бибер
1. Празот се сече попречно на стапчиња од по една педа, а потоа се сече и по должина.
2. Се проржува на путер заедно со миродиите и се додава 100 мл вода, да се динста околу 15 мин.
3. Се реди во тава и се покрива со лентички ајдамер или било кој друг мек кашкавал, а одозгора се наросува малку чили.
4.Се пече на 200 степени, додека кашкавалот убаво да се стопи.