Печен полнет компир
Зимско полнење, за побрзо топлење.
- 2 поголеми компири
- 4 јајца
- 100г кашкавал/сирење
- тенка димена сланина
- маслинки
- павлака
- црн кавијар
- маслиново масло
Подготовка
1. Добро измиените компири се премачкуваат со маслиново масло за готвење и се печат 45 минути на хартија за печење.
2. Се заладуваат и се сечат на половинки.
3. Нежно им се вади средината и се добиваат 4 компирови корпи.
4. Компирите се допекуваат од сечената страна 5 минути, а потоа се полнат со рендан кашкавал и се става по едно јајце на око.
5. Се печат додека јајцето не се испече.
6. Одозгора по желба се додава пропржена сланина, павлака, маслинка и црн кавијар.
7. Се зачинува по желба.