Паста со пилешко и павлака

Протеинска паста за зголемување на енергијата и мускулната маса. Се разбира во комбинација со соодветен кардио и силов тренинг. 

 
  • 500г тестенини
  • 300г пилешки гради
  • 200г кисела павлака
  • 300г шампињон 
  • 100г кашкавал
  • 150г фета сирење
  • сол
  • оригано
 

Подготовка

1. Пилешкото се сецка на коцки и се зачинува со сол и оригано и се пржи додека не зацрвени.

2. Потоа се додаваат печурките и се пржи додека не испари водата.

3. На крај се додава павлака.

4. Тестенините се варат по упатство, се цедат и кога ќе се сервираат се додава приготвениот сос, фета сирењето и ренданиот кашкавал.