Здрава паштета од скуша
Одличен јак доручек, добар ручек во многу комбинации, но и добро мезе на лепче, брускети или крекери по квалитетно поминат ден.
- 2 парчиња риба скуша
- 4-5 моркови
- 2 јајца
- 1 кромид
- 2-3 чешниња лук
- магдонос
- 4-6 лажици павлака
- 2-3 лажици сенф
- морско оревче
- бибер
- крупна морска сол
- кавијар за топинг
Подготовка
1. Скушите се ставаат во ладна вода и се варат 15 минути. Потоа се чистат од коски и заедно со обарените моркови и јајца се стинат.
2. Кромидот, лукот и магдоносот (предходно иситнети) се додаваат на останатите состојки.
3. Се пасираат во блендер додека не се добие густа смеса, а потоа се остава да се излади 2-3 часа.
4. Уживајте во одличниот рецепт!