Паштета од шампињони

Загарнатирано употребата на оваа паштета нема да ја оставите само за мачкање леб, туку ќе ви биде додаток за сите оброци во денот сè додека не ја потрошите, а после се знае, нова тура…

 
  • 250 грама шампињони (свежи)
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 30 грама пармезан
  • 20 грама путер
  • 200 мл павлака
  • сушен магдонос
  • сол и бибер
 

1. Кромидот и лукчето се сецкаат и е пропржуваат на загреано масло, па се додаваат шампињоните, сецкани на ливчиња.

2. Се посолува, се наросува мелен бибер и се додава сушен магдонос според вкус.

3.Тавата се тргна на страна и се остава да се олади, а потоа печурките се блендираат задно до пармезанот, павлаката и путерот.