Палента со зеленчук

Брзо и едноставно, но вкусно и хранливо. Можете да експериментирате со додатоците како на пример со лук кој што ќе го обогати вкусот и хранливоста на палентата… но доколку немате потреба од социјализација и работни обврски по оброкот.

 
  • (доза за двајца)
  • 1 шолја палента
  • 2 шолји вода
  • 150г спанаќ
  • 150г грашок
  • 1 морков
  • 50г семки од сончоглед
  • буковец (лут ако поднесувате)
  • природна сол (морска, хималајска)
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. Грашокот и морковот се варат додека не омекнат на среден оган, а потоа се тргаат на страна.

2. Спанаќот лесно се обарува.

3. Се вари палентата и додека е жешка се помешува со грашокот, морковот и спанаќот.

4. Се додаваат останатите зачини и семките од сончоглед како топинг.