Освежителен доматен сок
Ќе ве освежи и ревитализира по напорните активности. Без адитиви, конзерванси и стабилизатори, природно 100%!
- 2 домати (поголеми)
- 1 лимон
- 5-6 листови свежо нане
Подготовка
1. Излупените домати со лимонот се пасираат во блендер.
2. Потоа се додаваат и исецканите ливчиња нане и уште малку се пасира целата смеса.
3. Сокот се цеди (но не е задолжително) и се конзумира по можност ладен.