Ориз тава со полнети домати

Викенд лесна тава, за веге типчиња, а за оние другите секогаш постои месен прилог. Уживајте!

 
  • 3-4 поголеми домати
  • 300г интегрален ориз
  • 1 кромид
  • 100-150г сирење (најубаво е со два вида)
  • лебни трошки
  • 20г путер
  • 700мл вода (може и зеленчукова супа)
  • босилек, магдонос
  • масло
  • морска сол и бибер по вкус
 

Подготовка

1. Ситно сецканиот кромид на малку масло се пропржува заедно со оризот за вкус. Потоа се истураат во тава за печење.

2. Одозгора се редат доматите, исечени на дебели кругови (тркалца).

3. Потоа врз доматите се додава смеса од иситнетото сирење со лебни трошки, и се зачинува по желба.

4. Тавата се полева со вода во висина на доматите, но не и преку нив.

5. Се пече во загреана рерна на 200 степени. По 10тина минути тавата се вади, се покрива со хартија за печење и се продолжува уште приближно 40 минути (додека да испари водата, но не и да се засушат оризот и доматите).