Ориентален сутлијаш со моркови
Прошаран сутлијаш како гликогенски додаток за секој маратонец.
- 1 шолја ориз
- 1 литар млеко
- 3-4 моркови
- мед
- бадеми
- цимет
- суво грозје
1. Во млекото се додава оризот, па се рендаат ситно морковите.
2. Се вари на тивко во сад со дебело дно и повремено мешање, додека да згусне.
3. При крајот на варењето се додаваат неколку лажици мед за разблажување.
4. Се дели во соодветни садови уште додека е топол, па се наросува цимет, кршени бадеми и суво грозје.