Омлет со пченка
Оброк за задоволување на сите нутритивни потреби и вкусови…
- 120 грама пченка од лименка
- 1 кромид
- 1 сушена пиперка
- 3 јајца
- 3 лажици брашно
- масло за пржење
- сол и бибер
1. Кромидот ситно се сецка, а сушената пиперка се толчи.
2. Се додаваат јајцата и убаво се матат, а потоа се додава пченката и малку брашно. Сите состојки убаво се промешуваат
3. Омлетот со пченка се пржи во тавче на неколку лажици маслиново масло, прво од едната страна, а потоа се превртува.
Добар апетит.