Новогодишни мафини со јапонско јаболко

Брзи домашни, помалку калорични мафини за да ја збогатите новогодишната трпеза.

 
  • 3 јајца
  • 50г кафеав шеќер
  • 50мл масло
  • 150мл млеко
  • 250г брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванила
  • прстофат сол
  • 1 лажица какао
  • 50мл сок од портокал
  • 1 лажица рендана кора од портокал
  • 1 јапонско јаболко (исецкано на ситни коцки)
 

Пoдготовка

1. Јајцата и шеќерот се матат, а потоа се додаваат сите останати состојки.

2. Смесата убаво се меша и се исцедува во предходно поставените хартиени корпи за мафини поставени на тава. 

3. Се печат на 180 степени околу 15 минути.