Наслов

Мусака со печени пиперки

Прекрасна летна вегетаријанска варијанта на мусака. 

 
  • 10-тина печени пиперки
  • 300г урда
  • 100г павлака
  • 4 јајца
  • сол 
  • бибер
  • мајчина душица
 

Подготовка

1 Пиперките се лупат и им се вадат дршките.

2 Урдата се меша со павлаката и јајцата.

3 Во намастено тавче се редат прво ред пиперки а потоа 1/2 од смесата, па повторно пиперки и се завршува со слој од смесата.

4 Се зачинува по желба.

5 Се наросува со мајчина душица.

6 Се пече во рерна на 200 степени околу 20тина минути. 

03 Август 2017

За авторот