Млечна спанаќова чорба
Убава чорба за убав ден…
- 500 грама спанаќ
- 4 лажици просо
- 1 чаша млеко
- 1 чаша вода
- маслиново масло
- сол и бибер
1. Спанаќот се пропржува на масло, додека да омекне, па се додава просото и се пржи уште 5 минути.
2. Се налева вода, млеко, зачините и сето убаво е крчка уште 15 минути.
3.Препорачуваме да се послужи со една голема лажица кисела павлака или кисело млеко.