Медитеранско континентален сендвич

Прекрасен медитерански сендвич во континентална клима со карамелизиран кромид…

 
  • 1 конзерва сардини
  • 1 лажица сенф
  • 1 китка магдонос
  • 1 кромид
  • 2 лажици балсамико
  • 2 лажици шеќер
 

1. Кромидот се сецка на месечински и се пржи. Му се додава балсамикото и шеќерот и се карамелизира.

2. Кромидот се трга од оган и му се додава сецкан магдонос.

3. Кришките леб се ставаат во плех обложен со хартија за печење, а одозгора се редат сардините. Се печат 10 минути на 220 степени.

4. Кога ќе ги извадите сендвичите од рерна, одозгора се става од карамелизираниот кромид и на крај малку сенф за вкус.

5. Останатата декорација е по ваш избор.