Ѓумбир како додаток за суши и за многу други прилики

Мариниран ѓумбир во 4 потези

Да купите кисел ѓумбир во тегла може да биде скапо задоволство, а има и дополнителни состојки како емулгатори и стабилизатори кои за никого не се пожелни. Затоа обидете се сами, нема да зажалите!

Kупете си свежи коренчиња од ѓумбир и погледнете го видеото за да видите како да го подготвите дома, заедно со суши, или како прилог за други оброци.

http://youtu.be/5uK9_eKsBIQ width:635 align:center

Самата подготовка е многу кратка, но треба да отстои во фрижидер околу 1-2 дена пред да се конзумира.

  • корен од ѓумбир (1 голем или повеќе малечки)
  • малку крупна морска сол
  • уште помалку кафеав шеќер
  • 1-2 лажици оризов или вински оцет
  • вода
  • стерилизиран сад

Подготовката можете да ја проследите на видеото.