Макало со амарант
Ако ви здосадија класичните макала можете да го пробате ова вкусно и несекојдневно макало со амарант што тешко ќе можете да го оставите додека не го снема.
- 100г био амарант
- 200г вода
- 1 кромид
- 75г фета сирење
- 1 лажичка шафран
- 1 лажичка путер
- 1 лажичка мелен лен
- магдонос
- босилек
- бибер
Подготовка
1 Водата со путерот се проварува.
2 Се додава амарант заедно со шафран, бибер и магдонос.
3 Се лади и се додава сецканиот кромид кој предходно лесно се пропржува.
4 На крај се додава сирењето и ленот и се промешува за да се добие хомогена смеса.
Вкусното макало (ако остане) може се чува во фрижидер барем една недела и да се конзумира по потреба.