Миризлива салатка
Освежителна салатка за секаква комбинација…
- 3 кромиди
- 1 китка магдонос
- сол бибер
- маслиново масло
- 1 лимон
- 1 лажица јаблков оцет
1. Кромидот се сецка на полумесечинки.
2. Во длабок сад се комбинраат кромидот и ситно исецканиот магдонос, се налева сок од 1 лимон.
3. Се зачинува по желба со маслиново масло, сол и бибер.
Кромидот е богат со витамин Ц, пиридоксин и диетални влакна, но најголемата полезност од кромидот лежи во неговиот фитохемиски профил.