Летна грав салата

Хранлива салата која што може да го менува и ручекот во летните денови. 

 
  • 300г грав
  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвено пиперче (луто)
  • 1 чешне лук
  • 1 кромид
  • 6-7 шери домати
  • 1 морков
  • куркумин
  • целер и магдонос
  • маслиново масло
  • бибер и морска/хималајска сол по желба
  • 1 лажица јаболков оцет или сок од цеден лимон
 

Подготовка

1. Гравчето се вари и се цеди.

2. Сите состојки се ситнат, пиперчињата поситно, морковот на ренде, а доматчињата се сечат на две половинки.

3. Потоа се додаваат останатите миродии, а на крај маслото и оцетот/лимонот. 

4. Се меша пополека и се украсува со китка магдонос.