Лесна туна салата

Ако ви се брза, а ви се јаде нешто поквалитетно… ова е изборот!

 
  • 300г варена пченка 
  • 1 конзерва туна 
  • 1 страк праз
  • 2 лажици павлака
 

Подготовка

1. Пченката лесно се меша со исцедената туна.

2. Се додава празот исецкан на тенки кругови. 

3. По желба се додава павлака со бибер или маслиново масло.