Лапа пудинг
Карактеристичен за кочанскиот крај, а одлична гликогенска подлога за спортисти и рекративци…
- 200 грама ориз
- 200 грама афион
- 1 лажица темен шеќер
- 1 литар млеко
1. Афионот се запекува во тавче за да пушти мирис и вкус, се лади, па се мели во мелница за кафе.
2. Оризот е вари во млеко, а некаде на половина време се додава афионот.
3. На крај се додава и шеќерот, смесата се сипа во длабоки чинивчиња и се консумира тополо или ладно, според ваша желба.