Мафини од интегрално пченкарно брашно со блитва
Крцкави, здрави и вкусни мафини со блитва
Интегрални, здрави и вкусни мафини. Направете ги за ужинка или појадок и нема да згрешите! 🙂
- 250 гр Интегрално пченкарно брашно
- 1 чаша кисела вода
- 1 чаша млеко или јогурт
- 1 јајце
- 1/3 чаша маслиново масло
- 10 листа блитва
- 2 млади кромидчиња
Подготовка
1 Во сад ги ставате јајцето и маслото и со лажица за матење, ја мешате смесата убаво да се соединат.
2 Потоа ги додавате чашите млеко и киселта вода, мешате и постепено го дадавате и брашното и континуирано мешате. Треба да добиете малце погуста смеса од палачинки. Во садот ја додавате блитвата (нема потреба од предходно пржење или обарување) и кромидот и се заедно мешате.
3 Во сад за мафини кој предходно е премачкан со масло, го полните од смесата и потоа наросувате со сирење или сусам,сончоклед.
4 И ги ставате да се печат на предходно загреана релна од 200 степени Ц.