Корисни Божиќни топчиња

Одлична здрава поддршка за спортување на отворено.

 
  • 300г малтекс
  • измерено во филџан:
  • корнфлекс без шеќер
  • овесни снегулки
  • сончоглед 
  • ореви
  • домашни суви смокви
  • урми
  • печени мелени кикирики
 

Подготовка

1. Оревите, смоквите и урмите се сецкаат на ситно.

2. На тивок оган во тенџере, малтексот се загрева до топење и во него се додаваат сите состојки. Се меша убаво и се трга од огнот.

3. Со навлажнети раце од смесата се прават топчиња и се валкаат во дел од мелените кикирики (можете и со други јатки).