Ролат од компир

Одличен додаток со пикантна и свежа варијанта.

 

 
  • 1/2 кг компир
  • 100 грама путер
  • китка магдонос
  • 2 лажици буковец
  • сол, бибер
 

1. Компирите се варат, се изцедува водата и се пасираат како за пире.

2. Кога пирето малку ќе се олади се додава путерот и се замесува. Се зачинува со сол и бибер.

3. На пластична фолија, смесата од компир се расукува со дебелина од 1 цм, одозгора се наросува магдонос или мелени суви пиперки.

4.Се формира ролат и се остава во фрижидер да се стегне.