Малку поинаков варен компир

Варен компир во крцкава сусамова лушпа.

 
  • 1/2 кг компир
  • 2 лажици путер
  • 50 грама сусам
  • 2 лажици семе од лен
  • 2 лажици сок од лимон
  • сол
  • бибер
  • 1 лажиче ким
  • 1 лажиче коријандер
  • китка магдонос
 

1. Компирот се вари со лушпа.

2. Компирите се лупат додека се топли, а во тавче на оган се пропржуваат мирудиите на путер.

3. Содржината од тавата се спојува со компирите и се промешува за убаво да се обложат.

4.Се зачинува со сол и бибер според вкус.