Компир макало со суви пиперки

Викенд зимско макало за опуштање….

 
  • 10 суви пиперки (лути во случајов)
  • 3 компири
  • 150г сирење
  • 3 чешниња лук
  • бибер
  • масло
 

Подготовка

1. Пиперките и компирите се варат.

2. Потоа заедно со сирењето интензивно се толчат и мешаат.

3. Се додава толчено лукче и се зачинува.

4.На крај, смесата се попарува со загреано масло.