Кокошка со матичњак

Пиле полно со вкусови и свежина благодарение на една магична состојка…

 
  • 1 кокошка или пилешки парчиња со кожичка
  • 70 грама путер
  • 2 раце свеж матичњак
  • 1 перце младо лукче
  • сол, бибер
 

Подготовка

1. Ситно се сецкаат матичњакот и младото лукче и се мешаат со размекнат путер. Се зачинува смесата.

2. Кожичката на кокошката се засекува на неколку места и со прст се прават големи џепови.

3. Џеповите богато се полнат со смесата од матичњак и путер. Тавчето се подмачкува, се покрива со фолија или соодветен капак.

4. Се налева пола шолја вода. Се пече на 200 степени, околу еден час (во зависност од големината на кокошката и јачината на рерната).

5.Се јаде со сласт.

Очекувајте нешто повеќе за матичњакот и неговата употреба во најскоро време.