Кисели пиперки полнети со грав

Вкусна кисела варијанта на посното гравче…

 
  • 6 кисели пиперки од туршија
  • 300 грама варен грав
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 рендани моркови
  • 200 мл доматен сос
  • сушена мајчина душичка
  • ловоров лист
  • црн бибер
  • црвен бибер
  • сол
 

1. Кромидот, лукчето и морковите, исецкани ситно се пропржуваат на загреано масло, а на крај се додава сварениот грав.

2. Смесата се зачинува, а потоа се полнат пиперките и се редат во намастена тава.

3.Остатокот од гравчето и доматниот сос се налеваат во тавата и сето се пече на 200 степени околу 30 минути.