Кисели крцкави кромитчиња

Вкусни и конзервирани, одличен додаток кој може да го имате на полица секое време…

 
  • мали кромитчиња колку ви душа сака
  • рачунајте за секоја тегла:
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 мала чашка акохолен оцет (чашка за ракија)
  • вода
  • зрна бибер
  • ловоров лист
 

1. Кромитчињата се лупат, а за да си го олесните овој процес ставете ги во топла вода неколку минути, а потоа во ладна.

2. Се редат во тегла заедно со биберот и ловоровиот лист и се додаваат сите останати состојки, а на крај се налеваат водата и оцетот.

3. Толку. Чекате да скиселат извесно време и потоа крцкате кромитчиња 🙂