Здрав оброк за деца и возрасни

Киноа со зеленчуци

 
  • 1 средна шолја обична и црна киноа (со вода 1:2)
  • 2 средни моркови
  • 1 тиквичка
  • 1 парче праз
  • грст снегулки од лимец (може ‘ржани или овесни)
  • маслиново масло
  • тамари сос
  • крупна морска сол
  • останати зачини по желба
 

Подготовка

1. Се става 1 шолја киноа ( предходно исплакната со вода), со 2 шолји вода да зоврие, а потоа на тивко да крчка уште 20 минути. 

2. По околу 10 минути се ставаат исецканите зеленчуци и снегулките.

3. По околу 20 минути (доколку киноата е омекната и отворена како на сликата), тавата* се трга од рингла и се остава некое време да се олади со затворен капак.

4. Потоа се префрла во сад за ручање каде се додава масло, тамари, сол и останатите зачини.

5. За да се спреми кашичка за бебе се трга дел од приготвеното јадење пред да се зачини, се додава само маслиново масло и се блендира.

* За овој рецепт се користи сад – Delimano Dry Cooker