Кескул
Далеку од сите традиционални шербетни турски десерти…
- 5 дл ладно млеко
- 50 грами кокос
- 60 грами брашно
- 1 ванила
- 1 лажица путер
- се засладува по вкус со
шеќер, агаве сируп, мед
Подготовка
1. Во тенџере се мешаат сите состојки, освен путерот, и се става на шпорет да се вари, постојано мешајќи за да не се направат грутчиња.
2. Кога ќе проврие – се згуснува – се трга од шпоретот и се додава путерот. Се меша за да се стопи путерот.
3. Се дели во украсни чинивчиња, се остава 2-3 часа да се олади во фрижидер и се украсува по желба со мелени лешници, ореви или бадеми.