К’цана сол

По дефиниција к’цаната (мелена, толчена, како сакате) сол е мешавина од миродии и билки со основа од пченкарно брашно, леблебија и сушени црвени приперки, толчена до ситен прав во аван. Многу градови и села си имаат свој рецепт кој добро се чува во тајност, но ние ќе бидеме јавни и ќе споделиме како ја направивме нашата…

 
  • 50 грама пченкарно брашно
  • 50 грама леблебија
  • 1 лажичка чили во прав
  • 1 лажичка сушена мајчина душица
  • 1 лажичка чубрица
  • 1 лажичка нане
  • готварска сол по желба
 

1. Брашното, чили и леблебијата се мелат во мелница или се толчат во аван, а потоа се истураат во тавче со дебело дно и се запекуваат на рингла со постојано мешање, околку 5-6 минути.

2. Останатите состојки исто се мелат, а кога ќе е олади мешавината од брашно, се сè соединува и се додава сол по желба…

Одличен додаток за топло лепче со путер, а дополнително и одличен извор на минерали!