Кари наут
Искусете ги хранливите придобивки од наутот со овој рецепт…
- 1 лажица масло
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажица рендан ѓумбир
- 2 лажичиња кари
- 300 грами конзервирани пелати
- 400 грами наут
- магдонос
- малку природна сол
- јогурт за прелив
Подготовка
1. Лукот и ѓумбирот се пропржуваат кратко, се додава кари зачинот, пелатите и ова се крчка 10 до 12 минути.
2. Во него се додава претходно сварениот наут, се вари уште 10-15 минути и на крај се попрскува со јогурт и магдонос.
Совет:Наутот е најдобро да се закисне претходната ноќ, за утредента пократко да го варите.