Јак протеински сендвич

Сендвич за надополнување на енергијата по интензивен тренинг.

 
  • 1 лајбица, погачица, земичка или слично
  • 2 јајца
  • 1 кромидче, босилек или нане 
  • рендан кашкавал (каков и колку сакате)
 

Подготовка

1. Земичката се сече по горниот дел и се длаби.

2. Во неа се става ренданиот кашкавал и зеленчукот по желба.

3. Одозгора пополека се кршат двете јајца.

4. Лајбичката се премачкува до малку жолчка.

5. Се пече во рерна на 170 степени, 15-20 минути (се гледа по јајцето).