Инстант џем од боровинки
Прав погодок за почеток на едно имуностимулирачко утро, дали само на лажичка или на леб, одлучете си вие…
- 1кг боровики (ние имавме диви боровинки, но може и со култивирани или замрзнати)
- 2 лажици агавин сируп
- 2 лажици чиа семе
Подготовка
1. Боровинките се чистат (ако не се исчистени добро), се мијат и се мелат неколку пати додека не остане само сува материја (можете да ја искористите и целата боровинка доколку ја пасирате смесата во блендер).
2. Потоа се додава чиа семето и сирупот за блажина и повторно се промешува, односно се пасира за убаво да се измешаат продуктите.
3. Содржината се става во тегла, се чува во фрижидер и се конзумира до една седмица.