Индискa питулица со намаз од маслинки

Одлично домашно мезе што ќе ве измести од класиката…

 
  • (за питулица)
  • 250г брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 60г стопен путер + 20г путер за премачкување
  • 120мл топла вода
  • (за намаз од маслинки)
  • 150г маслинки
  • 1 конзерва сардини
  • 1 лимон  (цеден)
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица коњак
  • 80г маслиново масло

 

Подготовка

(питулица)

1. Од состојките се замесува не премногу тврдо тесто и се остава да отстои 20 минути. 

2. Тестото се дели на 4 дела, се прават топчиња и се засукуваат округли тенки кори.

3. Сите кори се премачкуваат со путер, се наросуваат со брашно и се преклопуваат како лепеза, а потоа се превиткуваат како полжав и повторно се расукуваат до големина на тава.

4. Се пржат во топла тава на путер, кога ќе се запече се врти од другата страна.

(намаз од маслинки)

1. Се вадат семките од маслинките (ако можете да ги купите без семки уште поубаво)

2. Се толчи лукот, сите состојки се блендираат, а со маслото се постигнува густината до паста.