Идеална вечерна салата

Можете да бидете креативни со додатоците, но во секој случај ќе се најадете здраво и вкусно. Ние ги направивме двете варијанти (со пилешко месо и вегетаријанска).

 
  • 200г печурки шампињони
  • 1 кромид
  • 400г пилешко месо/мисиркино месо
  • 15тина шери домати
  • рендана моцарела
  • 10 маслинки
  • 2 китки марула
  • соја сос
  • барбекју сос
  • сенф
  • балсамико
  • сол по желба
  • прелив за салата по желба
  • семки од сончоглед и/или тиква
  • маслиново масло
  • лук во прав
  • домашни потпечени лепчиња
 

Подготовка

1. Ситно сецканиот кромид и печурки се пропржуваат во соја сос, лук во прав и малку маслиново масло. Потоа се додава пилешкото месо, сенфот и барбекју сос и се пржи околу 20тина минути (доколку сакате веге варијанта занемарете го пилешкото месо).

2. Зелената салата, шери доматите и маслинките ситно се сецкаат и во нив се додаваат семки од сончоглед или тиква. 

3. Во садот се додава оладената смеса од кромид, печурки и пилешко (по желба) и се зачинува со балсамико. 

4. На крај, по желба се посолува, се додава преливот и се попрскува со моцарела.

* Шефови: Јана & Андреј