Храна која топи масни наслаги на стомакот

Покрај редовната физичка активност, главна улога врши храната која ќе ни помогне да дојдеме до посакуваниот изглед на нашиот стомак. Покрај многубројни намирници, подолу се наведени неколку кои исто претставуваат клуч за топење масти:

 

Јогурт или кисело млеко
Во јогуртот постојат пробиотички бактерии кои влијаат позитивно врз здравјето на дигестивниот систем со што се подобрува варењето на храната.

Интегрални житарки
Белото брашно и оризот заменете ги со интегрално брашно и кафеав ориз. Со оваа замена вие ќе ги намалите мастите околу половината и ќе се намали производството на инсулин и на тој начин ќе се олесни разградување на телесните масти.

Брокула, леќа, кељ, аспарагус, пиперка и грав
Овие намирници содржат витамини А, Ц и К, фолна киселина, бета-каротин, калциум, магнезиум и растителни влакна со тоа што го прочистуваат организмот.

Мононезаситени масти
Новите истражувања покажуваат дека исхраната богата со мононезаситени масти како и подготвена со маслиново масло ги топат мастите на стомакот.

Оцет: Супстанцата која на оцетот му дава кисел вкус и силна арома ги топи мастите.