Гликогенска бомба

Топол ручек за двајца после напорен тренинг.

 
  • 300-400г компир
  • 200г јуфки (ние користевме домашни интегрални јуфки)
  • 150г млеко
  • 2 млади кромидчиња
  • 100г сирење (по желба)
  • маслиново масло
  • крупна морска сол
  • бибер 
 

Подготовка

1. Компирот се вари и со млекото се прави поретко пире.

2. Се зачинува и му се додава кратко пропрженото кромидче.

3. Тестенините се варат во солена вода, се цедат и се ставаат во веќе подготвеното пире.

4. Уживајте во вкусниот оброк.