Фокача со рузмарин
Вкусното италијанско лепче може да се направи во многу варијанти, а особено ароматична е оваа со свеж рузмарин…
- 700 грама брашно
- 1 сув квасец
- 1/2 литар вода
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- свеж рузмарин
1. Се замесува меко тесто од брашното, квасецот, млака вода, шеќер и сол и се остава да му се дуплира волуменот, околку 1 час.
2. Во намастена тепсија и попрскана со брашно се истура тестото, а потоа со прсти се растегнува. На крај се попрскува со рузмарин.
3. Се пече во загреана рерна на 200 степени околку 45 минути, додека да направи коричка и да зарумени.